Изборот за Мис на светот кој ќе се одржи на 8 декември на островот Санија. Деведесет девојки од целиот свет ќе се натпреваруваат за титулата, најубава. Xрватската преставничка, мис Ивана Мудниќ-Дујмина ќе се претстави со национален костим –кринолина со црвено- бели коцки, познатата шаховница, која го преставува знамето на Хрватска. Фустанот го дизајнираше Ивица Скоко и се вика „Гордоста на Хрватска“. Некои го поздравија ова, некои пак велат дека фустанот е прекраток и е сиромашeн, но и дека не е отмен, како што би требало да изгледа еден национален костим.
Македонија повторно, нема да има претставник на најпрестижниот избор на убавина во светот. Лиценцата е во сопственост на Лидија Велковска, поранешна Мис на Југославија, која во 1975 година на Mис на светот во Лондон, го освои четвртото место. Од 1996 година, откако е сопственик на лиценцата, таа има проблеми со обезбедување на спонзорства за авионската карта и за гардеробата на македонската убавица. Последна Мис на Македонија беше Емилија Розман. За дваесет и две години, колку што Македонија ја поседува лиценцата за избор за Мис на Македонија за Мис на светот, на светскиот избор за убавина сме испратиле само 14 девојки, а осум години не сме се преставиле на светскиот избор за убавина.