Мишел Обама ќе ги објави своите мемоари

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, откри како ќе изгледа насловната страница од нејзинта нова книга со мемоари, насловена Becoming. Во книгата ќе има и никогаш претходно објавени фотографии од нејзиниот приватен живот.

Мишел веќе сподели некои од фотографиите кои ќе се најдат во книгата, меѓу кои една од нејзиното детство и една од венчавката со Барак Обама.

„Додека ја подготвувам книгата за објава оваа есен, се надевам дека ќе ја доживеете како своја приказна и дека ќе ви помогне во верувањето дека можете да станете тоа што ќе посакате. Вашата приказна е она кое го имате сега и што секогаш ќе го имате. #Becoming“, напиша Мишел на фотографијата.

Книгата ќе биде објавена во ноември на 25 светски јазици. Милион копии ќе бидат донирани на непрофитната организација First Book.

Scroll to Top