Мишел Обама одликувана за најомилена личност на светот

By

Некогашната прва дама на САД Мишел Обама, официјално е избрана за најценета личност на светот. Таа со ваквото признание ја надмина и британската Кралица Елизабета, како и многу други славни дами.

Според неодамнешната анкета во која биле опфатени 42.000 луѓе во 41 земја, поранешната прва дама завршила на чело на листата на „најценети жени во светот“. Обама на таа листа ја надмина и својата пријателка Опра Винфри, која заврши на второто место.

Актерката и активистка за човекови права, Анџелина Џоли е трета на листата, а британската кралица Елизабета II е четврта. Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон е на осмото место, а поп дивата Мадона е единаесетта. Сегашната прва дама Меланија трамп е на 19. место од листата со 20 личности.

На листата на најценети мажи, сопругот на Мишел, поранешниот американски претседател Барак Обама е на второто место, веднаш зад милијардерот и филантроп Бил Гејтс. Меѓународната ѕвезда на акциони филмови Џеки Чен е на третото место. Анкетата е спроведена само на американско тло.

 

 

Ќе ви се допадне