Мишел Обама во пижами од српска дизајнерка ја промовираше книгата во Париз

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, на промоцијата на нејзината автобиографија „Мојата приказна“ во Париз пред 10.000 луѓе излезе облечена во пижами. Пижамите се креација на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, која работи во Лондон. Тие се продаваат за 1.500 фунти.

„Целиот карактер на Мишел Обама се базира на автентичност и интимност, па пижамите не се случајно избрани. Кога носите пижами, можете да се чувствувате како да сте во приватен момент, иако, всушност, се наоѓате пред 10.000 луѓе“, вели модниот психолог и професор Керолин Мер.

Откако автобиографијата на Мишел беше објавена лани во ноември, се продаде во над 10 милиони примероци.

Scroll to Top