Моделот Карли Клос се омажи тајно

По шестгодишна врска, топ-моделот Карли Клос се омажи за бизнисменот Џошуа Кушнер, брат на сопругот на Иванка Трамп. Манекенката за свадбата носеше широка венчаница од „Диор“, со тантела во горниот дел и вел на косата, а Џошуа беше облечен во црн костум.

Ангелот на „Викторијас сикрет“ и бизнисменот се свршија во јули, а се венчаа во Њујорк во присуство на 80 гости. Тие на лето догодина ќе прават голема свадба, открил близок пријател на невестата за американските медиуми.

Познатата манекенка и бизнисменот се заедно од 2012 година. Тие врската ја држеа подалеку од очите на јавноста, а и свадбата била тајна, и дури откако се венчаа објавија слики на социјалните мрежи.

Scroll to Top