„Мој драг Кирк убаво спиј“ – Кетрин Зета Џонс се прости од славниот глумец

Познатата глумица Кетрин Зета Џонс се прости од легендарниот актер Кирк Далгас. Заедно со нејзиниот сопруг Мајкл Даглас ја објавија тажната вест за актерот кој почина на 104 години.

„Мој драг Кирк, ќе те сакам до крајот на животот. Веќе ми недостигаш. Убаво спиј“, напиша Кетрин на социјалните мрежи и објави нивна заедничка фотографија.

Двајцата останаа запаметени по нивниот бакнеж кој се случи на гала вечерата во Лос Анџелс, каде легендарниот актер го прослави 100 роденден.

Таа рече дека имале убав однос со Кирк и меѓусебно се почитувале. Заедно се имаат појавено на голем број јавни настани, а неретко објавуваат и заеднички фотографии по социјалните мрежи.

На доделувањето на „Златен глобус“ 2018 година, Кетрин му оддаде почест на кариерата на Кирк Даглас, со кого излезе на сцената.

„Мојот свекор, оваа жива холивудска легенда Кирк, во 1991 година беше препознаен од Здружението на писатели во Америка поради неговата улога во затворањето на „холивудската црна листа“, поради која на некои им беше ускратена работата во филмската индустрија“, изјави тогаш Кетрин.

 

Scroll to Top