Молчеше седум години откако Пике ја остави поради Шакира, а сега еве што им порача

Медиумите не ја оставаат на мира ниту поранешната девојка на Пике која за прв пат по седум години проговори за врската со фудбалерот.

Шакира и Пике се во врска од 2010-та година, а се запознаа за време на Светското првенство во Јужна Африка.

Фудбалерот откако ја запознал пејачката се одучил да ја остави поранешната девојка Нурија Томас која е најдобра пријателка на сопругата на Меси, Антонела Ракузо.

По седум години молк откако раскинаа, актерката проговори за врската со Пике.

-Многу пати ми се јавуваа новинари да ме прашаат за нашата разделба, но секогаш одбивав да кажам, свесна бев дека бев во врска со познат фудбалер и не смеев да кажам било што, вели таа.

Нурија вели и дека и било тешко по раскинувањето, но вели и дека не чувствува огорченост кон Пике.

-Пике е добро момче, му посакувам се најдобро нему и неговата сопруга. Моите рани се сега минато и навистина му мислам се најдобро во животот, изјави поранешната девојка која сега е во врска со мото ГП возачот Хорхе Лоренцо.

Scroll to Top