Поранешната приправничка во Белата Куќа, Моника Левински, во новиот документарец кој треба да излезе деновиве, признава дека уште во првите денови кога влегла во Белата куќа се заљубила во поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и дека таа била првата која му давала знаци за да го добие неговото внимание.
Левински открива дека често кокетирала со него, а во еден момент дури и му го открила долниот веш, за да може да Клинтон да ја забележи меѓу многуте гости. Таа вели дека за време на една роденденска прослава на еден од вработените во Белата куќа, доцна забележила дека нејзиниот долен веш се надѕира врз панталоните.
„Место да ги повлечам панталоните нагоре, како што обично правам, овој пат решив да не превземам ништо. Мојот долен веш не го виде никој во просторијата освен Клинтон“, вели Левински.
„Подоцна додека минував покрај една од канцелариите во Белата куќа, се осмелив да ја отворам вратат и да влезам. Бил само стоеше и ми сигнализираше да се чувствувам како дома. Мислев дека е невозможно, но моето срце во тој момент почна да удира толку силно и брзо што помислив дека ќе се онесвестам. Тогаш не знаев, но тоа беше моментот во кој самата влегов во зајачка дупка“, вели Моника.
Левински и Клинтон тогаш ја започнаа врската која подоцна заврши скандалозно во американската јавност.
„Секогаш разговаравме за тајноста на врската. Бевме внимателни, но очигледно не доволно. Бев целосно препуштена на неговата милост и немилост“, вели Левински во документарецот.