Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на КГБ е бесен поради пропаста на својата татковина и го подготви начинот за одмазда. Користејќи ја предноста на хаотичната состојба, тој си направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Воспостави авторитативен режим и постави цел на својот најголем непријател, САД“, вели Фриман.
Во продолжение на текстот се наведува дека како што е вистина дека Путин бил шпион на КГБ, така е вистина дека тајно користел и сајбер-оружје и ја напаѓа демократијата. Тој исто така го нарече Путин заколнат непријател на САД.
„Тој шпион е Владимир Путин и ова не е филмско сценарио. Неопходно е нашиот претседател да ја соопшти вистината“, наведе Фриман и потоа го прочита текстот, кој, според него, Трамп би требало да им го соопшти на Американците.
Неговиот говор го следат архивски сцени од конфликтот на масата и специјалците за време на постсоветска Русија, која потоа го менува кадарот на кој е прикажан рускиот лидер Владимир Путин.
Актерот ја обвинува Русија за сајбер-напад на демократската држава и за ширење пропаганда, а потоа го повика претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја каже вистината и да им се обрати на Американците по повод руското мешање во изборите во САД.
Инаку, како членови на експертскиот совет, на интернет-страницата на оваа организација се наведени режисерот Роб Рејнер, поранешниот шеф за Национална известувачка служба, Џејмс Клепер, научниот соработник на Советот за меѓународни односи, Макс Бут, и политикологот Норм Орнштејн и Чарлс Сајкс.
Гледајте го видеото: