Музичарот Дејвид Фостер на 71 година чека шесто дете

Познатиот канадски музичар Дејвид Фостер неодамна открил дека повторно ќе стане татко и тоа во 71-та година. Тој шестото дете ќе го добие со петтата сопруга која е двојно помлада од него, Кетрин Мекфи (36).

Славниот продуцент од претходните бракови веќе има пет ќерки, а интересно е дека од нив пет, дури четири се постари од неговата сегашна сопруга. Најстарата Алисон има 50 години, Ејми има 46, Сара 39, Ерин 38 и најмладата ќерка Џордан е помлада две години од Кетрин.

Сепак, ќерките на популарниот Канаѓанин немаат ништо против оваа романса, дури ја поддржуваат неговата одлука.

 

Scroll to Top