Канадскиот актер Џамил Френч, кој беше познат по улогата на Дејв Тарнер во серијата „Деграси“, почина ненадејно на 29 години. Веста за смртта на глумецот ја потврди и неговиот портпарол.
„Со тешко срце потврдувам дека мојот драг пријател и клиент Џамил Френч почина. Многумина ќе го паметат по неговата страст кон уметноста, посветеноста кон неговиот занает и посебен карактер. Ве молам, молете се за неговото семејство и пријатели во ова тешко време“, изјави тој
За сега на е позната причината за смртта на актерот.
Неколку поранешни колеги на Џамил се простија од него на социјалните мрежи.
Извршниот продуцент на проектот „Саундтрек“, Џошуа Сафран, го нарече Френч голема инспирација.
„Можам да потврдам дека мојот добар пријател, соработник и мојата инспирација – Џамил Френч почина вчера“, напиша тој на својот твитер-профил.