На 83 години почина актерот Нед Бити

Американскиот комичар и глумец Нед Бити, најпознат по улогите во филмовите „Супермен“, „Мрежа“ и „Приказна за играчките“, почина на 83 години во својот дом во Лос Анџелес, Калифорнија.

„Нед почина од природна смрт во неделата утрото, опкружен со семејството и најблиските. Неговото семејство одлучи да не открива повеќе детали во овој миг. Нед беше икона, легендарен талент и драг пријател. На сите ќе ни недостига“, изјави неговата менаџерка Дебора Милер.

Тој е роден во Луисвил, Кентаки. До 2013 година, кога се пензионира, глумел во 165 филма и ТВ-серии. За својата мала улога во филмот „Мрежа“ од 1976 година доби и номинација за „Оскар“.

Scroll to Top