На 89 години Клинт Иствуд почнува да снима нов филм

Холивудската легенда Клинт Иствуд на 89 години ќе снима нов филм.  Тој ја најави работата на филмот The Ballad of Richard Jewell, чие сценарио е пишувано според вистинска приказна. Филмот го следи животот на човек од обезбедување кој е обвинет од новинар дека подготвувал напад на Летните олимписки игри во Атланта 1996  година. Сценариото за новиот филм го напиша Били Реј, а копродуценти ќе бидат Леонардо Ди Каприо и Џона
Хил. Снимањето на филмот ќе почне летово, а премиерата е најавена за следната година.

И покрај возраста, глумецот не престанува со работа, па лани сними два филма. Едниот од нив, The Mule оствари приход од над 100 милиони долари на кино-благајните.

Scroll to Top