На 99 години почина принцот Филип, веста ја сподели кралицата Елизабета

Почина принцот Филип на 99 години, потврди кралицата Елизабета. Кралицата со длабока тага објави дека нејзиниот сопруг, војводата од Единбург „почина мирно во замокот Виндзор“. Тој почина три недели откако излезе од болница, каде што беше опериран од инфекција на срцето.

Војводата од Единбург својот последен самостоен јавен ангажман го имаше во август 2017 година.

По пензионирањето, Филип поминуваше многу време во замокот во Виндзор. Тој беше познат по легендарните гафови и нецензурирани и политички неточни мислења на разни теми.

„Неговото кралско височество почина мирно утрово на замокот Виндзор. Понатамошните соопштенија ќе бидат дадени во догледно време. Кралското семејство се придружува со луѓето кои тагуваат по него низ светот“.

Кралицата  Елизабета го обожавала уште од нејзините тинејџерски години.

„Тој едноставно беше моја сила и остана сите овие години“, рече таа на нивната прослава на  златната свадба во 1997 година.

„Јас и целото семејство, и оваа и многу други земји, му должиме многу поголем долг отколку што тој некогаш би замислил“, е една од изјавите на Елизабата за својот сопруг.

Scroll to Top