На Анџелина Џоли најважни ѝ се децата

Холивудската глумица Анџелина Џоли во интервју за „Вог Индија“, откри дека главната причина поради која решила да се раздели со Бред Пит, биле нивните шест деца.

Таа вели дека најважни во нејзиниот живот се Медокс, Пакс, Захара, Шилох и 11 годишните близнаци Вивиен и Нокс и дека нивната благосостојба била причината за да се разделат со Бред.

„Се разделив за благосостојба на моето семејство“, рече таа. „Тоа беше вистинската одлука. Јас продолжувам да се фокусирам на нивното заздравување.“

Таа, исто така, го објасни нејзиното молчење по разделбата, и нагласи дека шпекулациите за односите помеѓу неа и Пит лошо влијаеле врз нивните деца.

„Некои го искористија моето молчење, а децата гледаат лаги за себе во медиумите, но јас ги потсетувам дека тие ја знаат својата вистина“, додаде таа. „Всушност, тие се шест многу храбри, многу силни млади луѓе“.

Scroll to Top