На бившиот гитарист од „Оазис“ дијагностициран му е рак на крајниците

На Пол Артурс, бившиот гитарист од англискиот рок бенд „Оазис“ дијагностициран му е рак на крајници. Тој денеска ова го објави на Твитер и најави дека ќе паузира со настапите за да може да започне со лекување.

Тој жали што нема да биде дел од настапите на бендот, бидејќи третманот за лекување вклучува операција, терапија со зрачење и хемотерапија.

Пол е најпознат како гитарист, повремен клавијатурист и ко-основач на рок бендот Оазис со браќата Ноел и Лиам Галагер и Пол МекГуиган и Тони Мекарол. Тој го напушти бендот во 1999 година за да може да поминува повеќе време со своите деца. Во тоа време, „Оазис“ го снимаше својот четврти студиски албум.

Scroll to Top