На десет години пиев алкохол и пушев марихуана, па ме испратија во психијатриска болница, Дру Баримор раскажа за траумите од детството

Актерката Дру Баримор во нејзиниот поткаст Drew’s News ги сподели деталите од нејзиното тешко детство. Дру откри дека првиот алкохолен пијалак го испила на девет години, а пробала марихуана кога имала десет години.

Порано таа имапа раскажано дека на 13 години двапати отишла на одвикнување од дрога, а мајка ѝ ја испратила во психијатриска установа.

Открила дека во нејзината куќа не смеело да се јадат слатки, па се криела во плакар за да јаде чоколадо.

Нејзината мајка Џејди, вели Дру, била многу строга и не сакала нејзините деца да се здебелат. Но, кога се во прашање пороците, таа немала проблем со тоа.

„Излегував по клубови и избегнував училиште, бев целосно надвор од контрола“, додава таа.

Дру раскажала дека нашла начин да ѝ прости на мајка си.

„Верувам дека се чувствуваше како да нема друг излез. Сигурно живееше со многу вина сите овие години. Создаде чудовиште и сигурно живееше со многу болка”, рекла актерката.






		
		
			
Scroll to Top