На Џастин Бибер му е преку глава од музика

Џастин Бибер се откажува од музиката зашто сака да поминува повеќе време со сопругата Хејли Болдвин. Тој веќе размислува и за друга кариера, нешто сосема спротивно од тоа што го прави сега. Неименуван извор за американските медиуми вели дека пејачот е презаситен од сите обврски поврзани со музиката, снимањето песни, спотови, гостувања во емисии, концерти и дека сака да се повлече од јавноста.

„Му пречи кога луѓето постојано го прашуваат кога ќе се врати во студио или ќе оди на турнеја. Работеше интензивно долги години и на првата позначајна пауза што одлучи да ја земе, сите му вршат притисок. Преку глава му е од се. Со години сите како да се обидуваат да земат дел од него. Сега е во фаза кога мисли дека не е само музиката важна, туку дека постојат и други работи што треба да ги прави. Навистина сака да го направи светот подобро место и свесен е дека некои од неговите претходни избори не придонесоа за тоа. Тоа е зрел потег“, рекол неговиот пријател.

Scroll to Top