На Мекдорманд ѝ го украле оскарот веднаш откако го освои

Актерката Франсис Мекдорманд ноќта на доделувањето на „Оскарите“ ја мина во солзи затоа што нејзината престижна статуа заврши во рацете на крадец. Холивудската ѕвезда ја спуштила наградата за кратко, но некој маж ја зграбчил и побегнал.

Настанала вистинска драма, но фотографот Волфганг Пак веднаш реагирал и го запрел крадецот, а потоа му ја земал статуата за да ја врати на Франсис.

Полицијата во Лос Анџелес потврдила дека мажот по име Тери Брајант е уапсен поради грабеж и дека му е одредена кауција во износ од 20.000 долари.

Инаку, за Франсис ова е втор „Оскар“ по ред. Првиот го доби пред 21 година за улогата во филмот „Фарго“.

Scroll to Top