На Пирс Броснан не му пречи тежината на сопругата

Пирс Броснан, кој се смета за еден од најзгодните актери во светот, вели дека не му пречи изгледот на неговата сопруга Кили Шај Смит, која често е цел на критики поради нејзината прекумерна тежина.

Познатата двојка, која е еден од ретките бракови кои издржале во Холивуд, била фотографирана од папараците додека возеле велосипед во Малибу. Броснан вели дека никогаш не му пречела тежината на Кили и дека имаат 17 години успешен брак.

Броснан и Кили се запознале во Мексико, а седум години подоцна се венчале во Ирска. Броснан вели дека со текот на времето Кили минала низ неколку физички промени и дека отсекогаш се обидува да ја одржи здравата тежина. Тој и понатаму вели дека ќе ѝ остане посветен на неа и дека по 24 години нивната врска и брак се сè уште силни.

Броснан пред Кили бил во брак со актерката Касандра Харис, која во 1991 година ја изгубила битката со рак. На крајот на 2013 година актерот ја изгубил и посвоената ќерка од бракот со Касандра, Шарлот Броснан, која исто така починала од оваа болест.

 

Scroll to Top