Градското собрание на Венеција ги осуди лажните извештаи за претстојната венчавка на американскиот милијардер Џеф Безос со Лорен Санчез. Тврдат дека прославата ќе биде од разумни размери и ќе присуствуваат само 200 гости.
Основачот на „Амазон“ и неговата свршеница, новинарката Лорен Санчез, треба да се венчаат во Венеција на крајот на јуни оваа година. Еден од италијанските медиуми неодамна официјализираше дека свадбата на Безос ќе трае три дена и дека на прославите ќе присуствуваат по 250 гости секој ден, меѓу кои и Доналд Трамп.
Наведено е и дека Безос веќе резервирал пет хотели и голем број водени такси, како и место за својата мега јахта. Сепак, соопштението на градското собрание на Венеција ги осудува „лажните вести“ и ги негира информациите дека Безос планира да приватизира делови од градот.
„Бројните гласини и лажни вести кои кружат за свадбата на Џеф Безос се целосно неосновани. Беа поканети само 200 гости, што ѝ олеснува на Венеција да биде домаќин на ваков настан без тоа да биде непријатност за градот, неговите жители и другите посетители“, изјавија тие.
Општината посочи дека во Венеција редовно се одржуваат многу позначајни меѓународни настани од оваа. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро ја поддржа одлуката Безос и Санчез да се венчаат во овој град, нагласувајќи дека економските придобивки од венчавката може да се избројат во милиони долари.