Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и директор на „Амазон“, ќе донира 2 милијарди долари за сиромашното население. Тој ќе ги донира парите во фондот Bezos Day One, кој ќе помага да се отворат градинки во сиромашни квартови и ќе дава пари на непрофитни организации што ќе им помагаат на бездомни семејства.
Портпаролката на „Амазон“ на новинарите им соопштила дека парите ќе доаѓаат директно од приватниот фонд на Безос. Не е првпат тој да помага на најзагрозените. Безос финансиски поддржува центар за истражување на рак и дава стипендии за мигранти. Овој пат, дел од парите се наменети за организации и групи што даваат засолниште и храна на бездомни семејства, а вториот дел од фондот ќе биде наменет за бесплатни градинки во делови на градот со ниски примања.
Богатството на Безос се проценува на 160 милијарди долари.