Најинтересните приказни за Даниел Крег, најнискиот Џејмс Бонд

Даниел Крег е британски телевизиски актер и продуцент, а воедно претставува еден од најистакнатите професионалци во светот на филмот.

Роден е на 2 март – 1968 година, во Честер. Кариерата ја почнал со изведување на театарски претстави, откако дипломирал на „Гилдхол“ – школа за музика и драма, во Лондон во 1991 година.

Оженет е со актерката Рејчел Вајс со која има ќерка која ја крие од јавноста, а од првиот брак со актерката Фиона Лудон, ја има ќерката Ела.

Даниел Крег е  добитник на многу филмски и театарски награди, а најпознат е по улогите на Џејмс Бонд.

Ова се најинтересните приказни за него.

1. Даниел Крег е најнискиот актер кој ја доби улогата на Џејмс Бонд

Тој е висок 1,78 сантиметри. Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан и сите негови останати претходници се повисоки од него најмалку 5 сантиметри.

2. Не можел да ѝ одолее на Никол Кидман

Oвие брилијантни актери имаат повеќе заеднички, филмски соработки, така што на прашањата поврзани со Никол Кидман, Крег навистина не можел да остане имун.

3. Неговото целосно име е Даниел Врутон Крег

Голем број луѓе, дури и негови колеги и соработници не го знаат неговото целосно име. Тој самиот најчесто се претставува единствено како Даниел Крег.

4. Бил во врска со Кејт Мос

Во еден снимен телефонски разговор, најден во телефонот на Кејт Мос, Даниел изразува љубов кон познатиот супермодел.

5. Тој е еден од најдобрите рагбисти во клубот „Хојлејк“

Глумецот го обожава спортот, а една од неговите најголеми пасии е рагбито, кое сега, во подоцнежните години обожава да го следи како на трибините, така и покрај малите екрани.

6. Глумецот има страв од оружје

Неверојатно, но вистинито. Aктерот кој воедно претставува олицетворение на акционите филмови, најмногу мрази пиштоли.

7. Престанал да пуши пред да го сними филмот Casino Royale

Во 2006 година, при подготовките за делот Casino Royale, Крејг ги откажал цигарите и се здебелил околу 10 килограми. Тој во едно од своите интервјуа изјави дека преферира Џејмс Бонд да не пуши цигари.

8. Страстен навивач на фудбалскиот клуб „Ливерпул“

Тој особено го идолизира некогашниот капитен Стивен Џерард, кој на некој од натпреварите го чекал Крејг во фоајето на Ливерпул, сакајќи да се фотографира со најпознатиот таен агент.

9. Прогласен за најсекси маж во 2006 година

Британскиот актер се нашол на врвот на анкетата, со самото покажување на затегнатите мускули во првото излегување како Џејмс Бонд – хит авантурата Casino Royale.

10. Крег е првиот Џејмс Бонд кој се родил по првиот дел од филмскиот серијал

Роден во 1968 година, Крег е првиот актер кој го толкувал Џејмс Бонд, а бил роден по почетокот на емитувањето, а воедно и по смртта на Јан Флеминг, писателот на романите.

Имено, првиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд е емитуван во 1963 година, 5 години пред раѓањето на Даниел Крејг.

Scroll to Top