Најмладата и најплатена работничка во Белата куќа со најмоќна улога

Работела како советничка на ќерката на Трамп, Иванка. Била и портпаролка на кампањата на Трамп, нејзиниот прв ангажман во политиката. Оваа поранешна манекенка ја следи глас на голем бранител на имиџот на Трамп.Блиската соработничка на претседателот на САД, Доналд Трамп, Хоуп Хикс, именувана е за директорка за комуникација на Белата куќа со што ја презеде една од најмоќните улоги во Вашингтон.

Хикс (28) беше именувана во вторникот на позицијата на која беше Ентони Скарамучија, кој е сменет по само десет дена.

Иако нема политичко искуство, Хикс веќе петта година е во блиска врска со семејството Трамп, пренесува Би-би-си наведувајќи дека таа тивко работела на својата цел станувајќи една од најблиските соработнички на претседателот,  со заработка од 180.000 долари.

 

 

Кариерата ја почна во односи со јавноста, каде еден од клиентите  ѝ беше модната компанија на ќерката на Трамп, Иванка, чија колекција како модел и ја носеше. Освен тоа, работела и за Ралф Лорен, а се појави и на насловните страници на модниот магазин.

Соработката со Иванка Трамп ја донесе и до нејзиниот татко, кој во 2014 година лично избрал да работи на маркетингот за неговата компанија со недвижности.

 

Во политиката влезе случајно во 2015 година кога со Трамп замина на пат, кој подоцна се откри дека бил во рамките на неговата претседателска кампања.

Потоа помогна во креирањето на неговиот твитер-налог, по што Трамп лично ја замолил да остане во неговиот политички тим.

Хикс ретко дава интервјуа, но често присуствува на претседателските интервјуа. Кога почна да работи на кампањата на Трамп го избриша својот твитер-налог, додека инстаграм-профилот ѝ е приватен.

 

Трамп по инаугурацијата ѝ даде нова улога на Хоуп Хикс, која стана директорка на Белата куќа за стратешка комуникација.

Таа  не се обидува да  го промени претседателот туку да му овозможи да го работи тоа што сака.

 

Според пишувањето на „Политика“, Хоуп Хикс е една од малобројните вистински инсајдери во семејството на Трамп. Имаше приватна вечер со Иванка и Џеред, а беше и меѓу малубројните во делегацијата на Трамп во текот на посетата на папата Фрањо во Ватикан.

Кога минатиот месец привремено беше поставена на функцијата директор на Одделот за комуникација на Белата куќа, Би-би-си предвиде дека, со оглед на досегашниот брз успех, не треба да  изненади ако Хоуп Хикс остане на таа позиција подолго од своите претходници.

 

Scroll to Top