Најмоќниот човек во Холивуд сексуално злоставувал глумици и манекенки

Прочуениот продуцент на актерките, асистенките и моделите им нудел помош во кариерата, ако исполнат некои од неговите сексуални фантазии.Еден од најмоќните луѓе во Холивуд, познатиот продуцент, Харви Вејнстајн, се најде среде невиден скандал кога, неколку жени го обвинија дека сексуално ги злоставувал.

Вејнстајн веќе 30 години е алфа и омега во Холивуд, и продуцирал бројни хитови како што се: „Shakespeare In Love”, “Gangs of New York”, “Smoke”, “The English Patient”, “Scream”, “Sin City”…

 

Весникот „Њујорк Тајмс“ ја објави приказната за бројните случаеви на неговите злоставувања, а веројатно најпозната жртва е Ешли Џад која Вејнстајн пред 20 години ја повикал на деловен состанок. Според неговите зборови, тој ја сочекал во канцеларијата, а па ја замолил да го измасира, а потоа ја запрашал дали сака да го гледа додека се тушира. Ешли ова го откри во интервји за „Variety“ 2015 година. Во таа прилика рекла: „Сексуално ме вознемири еден од најпознатите и најмоќни шефови во индустријата“.

Инаку, приказната за перверзните сексуални навики на моќниот продуцент долго циркулираат меѓу актерите, но до скоро не излегоа во јавност.

Вејнстајн во еден момент во хотел ја повикал својата асистенка Емили Нестор и и понудил дека ќе и помогне во кариерата, ако спијат со него. Имало уште слични понуди кои ги упатил на младите актерки, асистенки и модели, а неговото однесување резултираше со вонсудски нагодби.

„Јасно ми е дека моето однесување со колегите во минатото им предизвикало многу болка и поради тоа најискрено се извинувам. Редовно одам на терапии и се обидувам да го решам овој проблем“, изјави Хари Вејнстајн.

Но, поучен од претходните искуства, кога еднаш во Холивуд ќе се отвори Пандорината кутија, обично се појавуваат нов пар валкан веш.

 

Scroll to Top