Најстариот син на Бред и Анџелина ќе им биде старател на своите браќа и сестри

Магазинот Ne Idea пишува дека Медокс, најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, сака да биде старател на своите браќа и сестри. Наводно, тој решил да побара стрателство, бидејќи Бред и Анџелина се уште не може да се договорат околу децата и времето што ќе го поминуваат со нив.

„Тој знае дека тоа е голем чекор и дека постојат неколку законски пречки, но гледа дека борбата меѓу Бред и Анџелина лошо делува на децата и мисли дека тоа е најдобриот начин да ги заштити децата“, изјави изворот за магазинот.

Инаку, Анџелина поднесе барање за развод од Бред во 2016 година. Двојката има шест деца, три биолошки и три посвоени.

Scroll to Top