Манекенката Наоми Кемпбел потврди дека е во врска со раперот Скепта откако долго време се криеше од медиумите.
Врската да ја објавија со фотографија што се појави на насловната страница на списанието „Џи Кју“. 47-годишната Наоми претходно им навести на нејзините обожаватели дека наскоро ќе објави дека има ново момче. Таа на својот инстаграм-профил објави само дел од фотката, прекриена со голем прашалник.
Манекенката најчесто беше во врска со популарни мажи, а меѓу нив и басистот на групата „Ју ту“, Адам Клејтон, и со првиот човек на „Ферари“ во Формула 1, Флавио Бријаторе.