Супермоделот Наоми Кембел на 48 години првпат ќе стане мајка. Таа е во четвртиот месец од бременоста и се чувствува добро, пишуваат светските медиуми. Веста на „Инстаграм“ прв ја објави нејзиниот партнер, раперот Скепта. Тој на својот профил сподели слика од ултразвукот на бебето.
Манекенката и раперот ја потврдија врската пред половина година. Тие се сликаа за насловната страница на британското издание на магазинот „Џи кју“, а позираа само во долна облека.