Направи си вазектомија за Денот на таткото, му порача телевизиска водителка на Роберт де Ниро

Австралиската телевизиска водителка Шели Хортон ја критикуваше одлуката на Роберт Де Ниро на 79-годишна возраст повторно да стане татко.

Таа го повика да направи вазектомија или машка стерилизација при која се подврзуваат семеводите кај мажот, за Денот на таткото. Хортон смета дека е неодговорно постарите мажи да бидат татковци бидејќи тие често умираат пред детето да порасне, оставајќи ги своите партнери како самохрани мајки.

„Неодговорно е да имаш деца во овој период, особено кога ќе земеш во предвид дека детето ќе расте без татко во поголемиот дел од својот живот. Додека некои можеби тврдат дека жените не треба да ја жртвуваат својата желба да имаат деца бидејќи нивниот партнер е постар тие треба да размислат за долгорочните последици од тие одлуки“, напиша таа во колумна за 9Honey.

Хортон истакнува дека за самохраните мајки е неверојатно тешко да воспитуваат деца.

„Де Ниро можеби ќе може да обезбеди финансиска поддршка, но не може да му помогне на својот партнер да се справи со емоционалниот и физичкиот товар на родителството откако ќе стане инвалид или ќе почине. Како што стареат родителите, тие може да се борат со здравствени проблеми што го отежнуваат обезбедувањето грижа и внимание што го бараат малите деца“, пишува таа, посочувајќи дека детето на Де Ниро може да биде изложено од емоционална траума поради губење на својот татко на рана возраст.

Таа потоа се присети на интервјуто кое Де Ниро го дал во 2016 година, во кое тој самиот рекол дека би било неодговорно да има повеќе деца.

„Мислам дека не е одговорно, на моја возраст, да имам повеќе деца“, рече тој тогаш.

Де Ниро на почетокот на оваа недела го изненади светот со објавата дека станал татко на своето седмо дете. Тој не го откри полот и името. Девојката на Де Ниро, Тифани Чан, се верува дека има 45 години.

Scroll to Top