Насилство, дрога, тајни снимки – најшокантните детали од судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп

Холивудскиот глумец Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Хед се главна тема во светските медиуми во изминатите две недели. Алкохолот, дрогата, тајните снимки, сексуалното и физичко злоставување, се дел од работите кои и двајцата јавно го прикажаа на судењето.

Деп уште во 2019 година ја тужеше Херд за клевета, откако оваа напиша текст во „Вашингтон пост“ и го обвини за семејно насилство. Иако Деп не беше споменат во текстот, со нејзиниот потпис јасно беше за кого станува збор. Тој текст Деп вели дека го чинела кариера.

Тајните снимки 

За тајните видеа и снимки, Амбер во судот одговори дека ги направила затоа што само на тој начин ќе можела да ги докаже сите работи кои Деп ги направил, во спротивно никој немало да и верува. На една од фотографиите од 2013 година на Бахами, Деп е онесвестен и дрогиран.

Многумина беа шокирани од видеата и фотографиите кои Амбер ги изнесе во јавност и ги предаде на судот. Глумицата најчесто го снимала онесвестен и кога бил гневен и насилен. Таков станувал откако претходно ќе испиел многу алкохол и ќе земал дрога.

На една од снимките Деп ѝ признава на Амбер дека случајно ја удрил во глава по големата расправија која ја имале. Во тој момент тој наводно се обидел и да ја смири.

Поради повеќето направени снимки, Амбер во тие моменти делувала како пресметана личност. На јавноста не ѝ е јасно зошто го снимала баш во тие моменти, кога тој е во лоша состојба.

Првите удари и пресекување на прстот

„Никогаш нема да го заборавам тој момент. Тоа ми го промени животот“, рече Амбер за првиот пат кога Деп ја удрил.

Таа рече дека неговото однесување го променил текот на врската. Во судницата рече дека тој повторно почнал да пие, откако претходно престанал поради здравствени проблеми. Рече и дека не разговарале затоа што, одма се лутел и почнал да станува насилен.

За време на снимањето на „Пиратите од Карибите“, во Австралија 2015 година, Џони останал без врвот на едниот прст.

„Амбер ми го исече врвот на прстот со шише вотка кое го фрли кон мене“, рече Деп. Но, наместо да побара лекарска помош, тој почнал да пишува пораки со него.

Силувањето со шише алкохол

Откако го изгубил прстот, Деп ја нападнал Амбер со шише. Глумицата тврди дека тој пенетрирал во неа со шишето алкохол.

„Следно на што се сеќавам е тоа дека бев притисната на шанкот. Мислев дека ме удира и почувствував притисок. Не се сеќавам премногу на деталите, само знам дека седев мирна и не сакав да се поместувам. Се сеќавам дека имаше скршени шишиња низ собата и знаев дека со едно од нив сакаше да пенетрира во мене. Се молев да не е скршено. Се сеќавам потоа дека завршив во купатилото. Се сеќавам само дека завршив во купатилото и повраќав“, рече Амбер.

Страшните пораки

На судот беа покажани и низата пораки кои Деп ги разменувал со глумецот Пол Бетани. Пол и Деп заедно глумеа во научно фантастичниот филм Transcendece од 2014 година, акциската комедија на Mortdecai од 2015 година.

Во една од пораките на Деп од 2013 година пишува: Да ја запалиме Амбер. Ќе ја удавиме пред да ја запалиме“.

Уринирањето во креветот

Едно од лицата кои го обезбедувале Деп, Старлинг Јенкис, откри дека по една жестока кавга која ја имале, Амбер уринирала во нивниот кревет. Амбер му признала по калифорнискиот фестивал Coachelli.

Деп претходно, за време на сведочењето во Лондон рече дека се смеел кога дознал дека неговата сопруга му уринирала во креветот.

„Мојата прва реакција беше смешна. Беше бизарно и гротексно, што можев само да се смејам“, рече тогаш Деп.

Херд подоцна за тоа го обвини едно од нивните ккучиња, Пистол и Бо, но, Деп не ѝ поверувал. Познавачите на Холивуд и филмската индустрија воопшто велат дека ѝ двајцата по ова судење ќе платат преголема цена затоа што ги откриваат сите детали од нивниот приватен живот.
„Ќе бидат означени како проблематични луѓе со кои е тешко да се работи“, велат тие.
Scroll to Top