Месецов се обележуваат 20 години смртта на принцеза Дијана. Медиумите во светот постојано пишуваат за разни аспекти од нејзиниот живот – детството, приватниот живот, семејството, стилот на облекување.
Она што сите го очекуваат наскоро е и премиерата на новиот документарен серијал посветен на Леди Ди, во кој првпат ќе биде преставена низ очите на нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари.