Натали им го покажала пасошот, а тие се фрапирале од нејзиниот младешки изглед

Популарната украинска пејачка Наталија Џенкив била приведена на аеродром од страна на полицијата затоа што службите не верувале дека има толку години колку што и пишува на пасошот.

Натали е пејачка во бендот „Лама“ и патувала на одмор во Турција. На аеродромот била повикана од страна на полицијата и ја испрашувале за патничките документи. Таа немала направено ништо нелегално, само не ѝ верувале дека има 41 година.

Сметале дека има околу 20 години и се посомневале дека патува со пасош на постара жена.

„Кога дознав зошто ме приведоа, почнав да се смеам“, изјави таа додавајќи дека веќе навикнала на комплименти поради младешкиот изглед.

Погледнете некои од нејзините фотографии на кои изгледа како девојче.

Scroll to Top