„Нацистите не направиле ништо лошо“, говор на омраза кај Џесика Алба на „Твитер“

„Твитер“ профилот на актерката Џесика Алба бил хакиран откако на него биле забележани неколку навредливи, расистички и сексистички коментари, пишуваат светските медиуми.

„Нацистите не направиле ништо лошо“ и „Слушајте ги жените, постои причина зошто Господ ги направил мажите посилни“, се само дел од објавите полни со говор на омраза кон жените, хомосексуалците и Афроамериканците.

Актерката засега се нема огласено по ваквиот инцидент, а фановите коментираат дека биле изненадени објавите на нејзиниот профил. Некои од нив чекаат објаснување, а други дури и извинување.

Актерката пред нешто повеќе од месец дена беше во посета на Дубровник, на фестивалот New Europe Market.

 

Scroll to Top