Научници крстија бактерија по Кијану Ривс

Научници крстија бактерија по холивудскиот глумец Кијану Ривс. Како што наведуваат во соопштението, типот на бактерија е Кеанумицина и се бори против габичните заболувања на растенијата и луѓето.

Безопасна е за растителните и човечки клетки, што ја прави еколошки прифатлива алтернатива за хемиските пестициди.

„Липопептидите убиваат толку ефикасно што ги именувавме по актерот Кијану Ривс, бидејќи тој е исто така исклучително смртоносен во своите улоги“, вели Себастијан Гоце, истражувач во германскиот Институт за истражување на природни производи и биологија на инфекции „Лајбниц“.

Ова име, кое го избраа германските научници, беше објавено во јануари годинава во списанието на Американското хемиско друштво, а тие повторно се најдоа на насловните страници откако еден од обожавателите на Ривс го праша актерот што мисли за тоа.

Ривс се пошегува и рече дека требало да бидат именувани по неговата улога на Џон Вик и им се заблагодари на научниците за сè што прават со нивното истражување.

Scroll to Top