Новата девојка на Бред Пит, Никол Потуралски, им одговори на хејтерите кои ја нападнаа на социјалните мрежи поради нејзината врска со славниот актер. Во меѓувреме, Пит го очекува ново рочиште за старателството над децата, а бројни фанови ја напаѓаа Никол со недели поради сè.
Таа зборуваше на Инстаграм за нападите што ги доживеала во последните неколку недели, откако се појави нејзината романса со Бред Пит.
„Здраво на сите, секогаш сум се прашувала зошто луѓето оставаат лоши коментари на некого на социјалните мрежи? Која е целта на тоа? Се обидувам да ја разберам суштината на ваквите коментари“, напиша манекенката на својата сторија на Инстаграм.
27-годишната Никол истакна дека смета дека е тажно што многу луѓе треба да ја коментираат нејзината врска со актерот.
„Многу е грубо и тажно да се коментира такво нешто. Едноставно немојте да ги следите луѓето што не сакате да ги гледате на вашите социјални мрежи. Многу е лесно“, заклучи Потуралски.