Не можеме да поверуваме дека е мртва, но не го обвинуваме Алек за тоа, рече таткото на убиената снимателка Халина Хачинс

Таткото на снимателката Халина Хачинс, која ненамерно ја уби Алек Болдвин за време на филмскиот сет, рече дека глумецот не е одговорен за нејзината смрт. Украинецот Анатолиј Андросовиќ, се огласи за првпат по трагедијата која се случи за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико.

Андросовиќ рече дека тој и семејството се скршени од страшната трагедија која ги задесе, но, исто така не го обвинуваат Болдвин за тоа.

„Сè уште не можеме да веруваме дека Халина е мртва. Мајка ѝ полуде од тага. Но, не го обвинуваме Алек за одговорен. Одговорноста е на оние кои ракуваат со реквизити и оружје“, рече Андросовиќ и додаде дека Болдвин бил во постојан контакт со сопругот на Халина, Метју.

Анатолиј во моментов со сопругата Олга и другата ќерка Светлана заминаа за САД, каде треба да се видат со сопругот на Халина и нејзиниот син 9 годишниот Андрос.

„Мојот внук е силно погоден. Изгубен е без мајка му“, рече Андросовиќ

(Фото) Алек Болдвин случајно уби снимателка на снимање на филм и го рани режисерот Џоел Соуза

Scroll to Top