Популарниот пејач Ози Озборн повторно ја одложи својата европска турнеја. Откако кажа дека набрзо ќе се знаат новите датуми за турнејата, 70-годишниот Озборн рече дека уште не му е време да се пензионира.
„Не умирам. Заздравувам, само што тоа се одолжи малку повеќе отколку што очекував“, откри музичарот.
Тој најголемиот дел од годината се лекуваше, откако паднна и ги повреди ‘рбетот и вратот, а тоа бараше сложена операција. Потоа Ози имаше и пневмонија, грип и инфекција на раката. Заради ова некои светски медиуми пипуваа дека е пред умирање, но Озборн со видеопорака на „Фејсбук“ им се обрати на фановите.
„Многу е здодевно кога цело време мора да се биде во кревет. Барам од вас да бидете трпеливи уште малку. Ја одложувам европската турнеја затоа што сѐ уште не сум подготвен. Не се пензионирам, има уште настапи што треба да ги одработам. Сакам да бидам стопроцентно спремен кога ќе излезам на сцена“, рече тој Озборн.
Одложената европска турнеја требаше да почне во јануари 2020 година, а Озборн вети дека презакажаните концерти во Северна Америка сигурно ќе стартуваат во мај.