Неговиот однос со жена ми ме излудуваше, Вил Смит призна колку му бил љубоморен на Тупак

Холивудскиот глумец Вил Смит, во своите мемоари открил колку му бил љубоморен на некогашниот американски рапер, Тупак Шакур. Тој вели дека не можел да го поднесе фактот што Тупак бил премногу близок со неговата сегашна сопруга Џејда Пинкет Смит.

Тупак и Џејда биле пријатели уште од деца. Оделе во исто одделение во едно уметничко школо во Балтимор. Тие останале пријатели и откако станале славни ѕвезди. Никогаш не биле во љубовна врска, но, сепак Смит во книгата пишува дека тоа нивно пријателство го полудувало.

„Иако никогаш не беа интимни, нивната меѓусебна љубов беше легендарна. На почетокот на нашата врска, нивната блискост ме измачуваше. Тој беше Пак, а јас бев јас“, пишува Вил Смит.

Глумецот објасни како Тупак имал неуништлива страст која маѓепсувала и го опишал како човек кој бил подготвен да се избори или да умре за она во кое што верувал.

„Пак беше мојот постар брат Хари и тој во мене го будеше чувството на кукавица. Го мразев тоа што не бев како него и ми предизвикуваше бес и љубомора. Сакав Џејд да ме доживува како што го доживуваше него. Кога влеговме во сериозна врска со Џејд, мојот незрел ум тоа го доживеа како победа. Таа беше пример, врвно достигнување и кралица над кралиците. Ако ме избра мене, а не Тупак, тогаш нема шанси да сум кукавица“, признал Смит.

Тој напишал дека со Тупак се имале виделе неколку пати во иста просторија, но, никогаш не направиме муабет.

„Начинот на кој Џејда го сакаше резултираше со тоа да едноставно не можевме да бидеме пријатели. Во тоа врме јас бев тој кој беше незрел“, пишува Вил Смит во своите мемоари.

Scroll to Top