Нејмар е Ким Кардашијан на светскиот фудбал

Џои Бартон, поранешен англиски репрезентативец, го споредил Нејмар јуниор со ѕвездите во ријалити програмите. Бартон и во минатото често знаел да го критикува најскапиот светски фудбалер.

„Мислам дека тој е Ким Кардашијан на светскиот фудбал“, рекол Бартон. Тој истакнал дека напаѓачот на ПСЃ не може да се спореди со најдобрите светски фудбалери.

„Нејмар не е најдобриот играч во светот, го видовме тоа и во Русија. Не е на нивото на кое се Роналдо и Меси, а има и уште многу други играчи што се пред него“.

Човекот кој во кариерата игра за Манчестер сити, Њукасл, Квинс Парк Ренџерс, Олимпик Марсеј, Барнли и Ренџерс, вели дека Нејмар е успешен само во рекламирањето на својот бренд.

„Повеќе е фудбалски феномен, маркетинг феномен, какво што е и семејството Кардашијан“.

Брзилецот со клубовите во кои настапувал и со репрезентацијата има освоено вкупно 19 трофеи, меѓу кои се Копа
Либертадорес, Лигата на шампионите, Купот на Конфедерации, а има и златен медал од Олимписките игри.

Scroll to Top