Нејмар и Меси „подготвуваат нешто големо“?

Нешто „големо“ ќе се случи меѓу Нејмар и неговиот поранешен колега од Барселона, Лионел Меси, ако е да се верува на пораката на ѕвездата на ПСЖ, кој најави дека треба да „останете тука“ за да го дознаете тоа.

Нејмар замина од Барселона за Париз минатиот август за 222 милиони евра, а сега додека се опоравува од операцијата на скршеното стапало, Нејмар постави чудна фотографија заедно со Меси.

„Кога јас и мојот пријател Лео Меси ќе се собереме, се случуваат големи работи. Ќе ви кажам нешто наскоро, останете тука“, напиша Нејмар.

Останува да се види дали пораката има некаква врска за фудбалот, или се работи за некој комерцијален договор.

Дека Меси ќе отиде во ПСЖ по потпишувањето на новиот договор, или дека Нејмар неочекувано ќе се врати во Барселона, засега е тешко да се верува.

Scroll to Top