Нејмар се превртува од смеење за тркалањето на теренот на мундијалот

Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар, на социјалните мрежи постави снимка со група деца, како се тркалаат на теренот и со тоа се пошегува на своја сметка и ги прифати критиките дека во голем број случаи, тој симулирал на мундијалот во Русија.

„Се пошегував со ваквиот мој потег, затоа што сите се закачија на таа приказна. Ја прифаќам како добра шега и воопшто не ми смета“, изјавил Нејмар за бразилските медиуми.

Нејмар ја прифаќа одговорноста за големиот неуспех на репрезентацијата во Русија и дека тешко му паѓа испаѓањето во осминафиналето на мундијалот.

„Со тагувањето е готово. Имаме причини да бидеме тажни, но и причини за да бидеме среќни во животот. Јас бирам да бидам второто. Само така можеме да одиме напред.

Фудбалерот на ПСЖ потврди дека ќе остане во Париз и следната година и дека во ниту еден момент не размислил да го напушти клубот.

„Останувам. Имам договор со ПСЖ, клуб во кој дојдов поради предизвикот, новите работи и остварувањето на некои мои цели. Во мојата глава ништо се нема променето во однос на тоа. Медиумите постојано нешто шпекулираат и зборуваат. Здосадија. Но, претседател Ал Келафи знае колку сум приврзан за клубот и навивачите“, изјави Нејмар.

Нејмар се осврна и на одличната игра на Мабапе на Светското првенство, напоменувајќи дека исклучително ги познава квалитетите на францускиот репрезентативец.

„Мабапе е феномен! Страшен играч. Го знаеме тоа веќе некое време. Тренирам со него на дневна база и многу сум свесен колку квалитети има во тоа момче. Драго ми е што го освои Светското првенство“, вели Нејмар.

Scroll to Top