Некогаш најубавата жена на светот, денес тежи само 40 килограми

Холивудската актерка Анџелина Џоли откако стекна светска слава ја понесе титулата за една од најубавите жени на светот. Но, во последно време, драстичната промена на имиџот, како и животниот стил и тоа како остави трага на нејзиниот изглед, а фановите на социјалните мрежи не пропуштија можност за да ја осудат поради тоа.

Освен што повеќе не ја истакнува својата убавина, фановите коментираат дека Џоли почнала и да губи дел од неа со драстичното губење на килограми и необичните навики во исхраната.

Нејзините обожаватели особено биле загрижени кога се раширила веста за нејзината исхрана и дека актерката не тежела повеќе од 40 килограми со висина од 169 санитметри. Џоли се правдала дека слабеењето е последица на стресот, како и на лошите случувања на приватен план.

Таа изјавила дека и покрај обврзувачките супи, чорби и различни житарици, за доручек јадела по една чинија кокосов сок. За ручек подготвувала протеински шејк, бадеми и гумени бомбони, а за вечера тенко сечено месо со чаша вино. Џоли изјавила дека имало денови кога била толку зафатена, што ги прескокнувала дел од оброците.

Џоли вели дека редовно се занимава со јога и кикбокс и дека поради тоа и е потребна дополнителна енергија.

Scroll to Top