Актерот Орландо Блум и пејачката Кети Пери летото во август ја добија ќерката Дејзи Дов. Сега актерот откри дека немаат доволно секс откако го добиле своето прво дете.
Во неодамнешно интервју за Гардијан на прашањето како е нивниот сексуален живот, Орландо призна дека му недостасува сексот.
„Немаме доволно секс, но тукушто добивме дете“, рече актерот.
Парот неодамна беше на одмор на Хаваите, каде што Кети беше фотографирана со прстен на раката и тогаш започнаа шпекулациите дека се венчале во тајност.