Нетфликс ги одбра актерите кои ќе ги глумат Кејт и Вилијам во шестата сезона на „Круна“

Нетфликс ги избра актерите кои ќе ги глумат војводата и војвотката од Кембриџ во шестата сезона на серијата „Круна“, пишува Би-Би-Си.

Двајца актери, 16-годишниот Руфус Кампа и 21-годишниот Ед Меквеј ќе го играат Вилијам, а Мег Белами ќе ја игра Кејт Мидлтон.

Објавувањето на имињата на актерите доаѓа во пресрет на петтата сезона на серијата, која треба да излезе во ноември. Имелда Стаунтон ја презема улогата на кралицата Елизабета Втора од Оливија Колман, додека Џонатан Прајс го заменува Тобијас Менцис како војвода од Единбург.

Доминик Вест ќе го игра Чарлс, а Елизабет Дебики ќе ја игра Дијана, принцезата од Велс. Лесли Менвил ќе биде принцезата Маргарет, која претходно ја играше Хелена Бонам Картер. Петтата сезона од серијата требаше да биде последна, но креаторот на серијата Питер Морган се предомисл.

Во август беше потврдено дека започнало снимањето на шестата сезона, финалето на популарната серија.

Scroll to Top