Невиноста ја изгубила во лифт, вистински се заљубила на 60 години: Сите мажи на Џеки Кенеди

Иако името на Џеки Кенеди Оназис отсекогаш врзувало за двајца влијателни и славни мажи, нејзиниот прв сопруг Џон Кенеди и, вториот, сопственикот на бродоградилиште Аристотел Оназис, уште неколку мажи одиграле голема улога во нејзиниот живот. Врската со други двајца била толку сериозна што таа размислувала да се омажи за нив, но на крајот, сепак ги оставила.

Ова е напишано во книгата „Џеки, Џенет и Ли“, на Џеј Ренди Тараборели, во која се откриваат досега непознати детали за приватниот живот на некогашната прва дама на Америка.

Сестрите Џеки и Ли биле воспитани од рана возраст дека парите и моќта се најважните работи во животот. На ова секојдневно ги потсетувала нивната мајка Џенет. Таа зад себе имала два брака, еден со член на високото друштво Џек Бувие, кој бил склон кон афери, а вториот со богаташот Хју Д. Аучинколс. Затоа сестрите немале друг избор освен да ги следат стапките на нивната мајка.

Џеки ја слушала својата мајка скоро за сè, а домашното воспитување ѝ влијаело врз најголемиот број одлуки во животот, особено оние поврзани со љубовта.

Првиот човек во кого била заљубена, бил синот на францускиот писател Џон П. Марканд, кого го запознала додека студирала во Париз. Со него Џеки ја изгубила невиноста во лифт, пишува во книгата. Бидејќи нејзината сестра Ли отсекогаш знаела сè што се случува во нејзиниот живот, Џеки ѝ се доверила за тоа, а Ли веднаш ѝ кажала на нивната мајка. Кога Џенет ја проверила финансиската вредност на неговото семејство, ѝ забранила на Џеки да продолжи да се гледа со него.

Додека студирала на колеџот Васар, Џеки се заљубила во менаџерот на продавница, Џон Хустед Џуниор. Тие избрале и датумот на венчавката, јуни 1952 година. Но на свршувачката забава, Џеки дознала детали за финансиската состојба на идниот маж. Нејзината мајка се распрашала и открила дека идниот зет заработува само 17 илјади долари годишно, што денес би било околу 160 илјади долари. Џеки знаела дека нивната врска нема да има иднина, па кога го одвела на аеродром, го спуштила свршеничкиот прстен во џебот од неговата јакна. Џон подоцна рекол дека била студена како мраз кога го сторила тоа.

Есента 1953 година Џеки се омажи за богатиот сенатор од Масачусетс, Џон Фицџералд Кенеди. Неговата политичка кариера била на почетокот и тој бил одличен избор за сопруг. Иако Џеки знаела дека никогаш нема да ѝ биде верен, се согласила на сè само за да се венчаат. Од бракот ги роди ќерката Каролина и синот Џон Џуниор, но нивната среќа прекина на 22 ноември 1963 година, кога 35. претседател на САД беше убиен за време на парадата во Далас, а Џеки стана вдовица.

Некогашната прва дама го запознала еминентниот архитект Џек Варнак уште пред да почине Џон Кенеди. Но тие се зближиле подоцна, кога таа го ангажирала да го дизајнира вечниот оган во меморијалниот центар за нејзиниот покоен сопруг. Кога заминале на романтичен одмор на Хаваите во 1966 година, Џеки дури размислувала да се омажи за него. Но кога еден ден таа и Варнак разговарале искрено за неговата финансиска состојба, архитектот ѝ признал дека должи околу 650.000 долари, а таа го оставила. И покрај раскинувањето, останале пријатели, а Варнак ѝ испраќал писма за секој Ден на вљубените сè до нејзината смрт.

Во годините по смртта на нејзиниот сопруг, Џеки нашла утеха во љубовта со еден од најблиските пријатели на Џон, поранешниот британски амбасадор Дејвид Ормсби Гор, попознат како Лорд Харлеч. Шпекулациите дека постои повеќе од пријателство меѓу нив започнале по заедничкото патување во Камбоџа, во ноември 1967 година.

Но неполна година подоцна, поранешната прва дама се омажи за 23 години постариот милијардер Аристотел Оназис, и со овој потег изненади многумина, оти тој бил во врска со нејзината сестра Ли. Во 2017 година, на една од аукциите кај што се продаваа предмети од Џеки, се појави љубовно писмо што Џеки му го испратила на Лорд Харлеч, а во кое му кажала зошто го одбила неговиот предлог и го избрала Оназис.

„Ако некогаш најдам утеха и го преболам ова, тоа мора да биде со некој што никогаш не бил дел од мојот живот, од моето минато и болка“, стои во писмото.

Иако нејзината сестра Ли била во врска со бродскиот магнат, на крајот Џеки се омажи со Оназис. Без Ли да дознае, Џеки ја прифатила поканата на Аристотел му се придружи на островот Скорпиос во 1967 година. Веднаш ја воодушевил и таа за кратко време се заљубила. Ли била бесна, но сепак одлучила да се види со поранешниот партнер и сестра си во Грција во октомври 1968 година. Кога првпат се сретнале по долго време и Ли ја видела Џеки конечно насмеана, решила да го остави мажот во кој била заљубена и да не се противи на бракот на сестра си со Оназис.

По смртта на Оназис, Џеки конечно го запознала мажот на нејзиниот живот, Морис Темпелсман. За него нејзините пријатели велеле дека ѝ е единствената вистинска љубов и сродна душа. Тие се запознале уште во ’50те години, кога Темпелсман организирал состанок помеѓу Кенеди и водечките луѓе во бизнисот со дијаманти од Африка. Емоционално исцрпена по смртта на нејзиниот втор сопруг, Оназис во 1975 година, Џеки одлучила да се пресели во Њујорк. Морис бил првиот што ѝ понудил помош, но ги прифатил и нејзините деца и внуци како свои. Тие поминале 12 среќни години заедно, до нејзината смрт во 1994 година.

Scroll to Top