Ние сме семејство: Прва фотографија со ќерката Лили пред Божиќ

Меган и принцот Хари ја споделија првата фотографија од нивната ќерка Лилибет Дијана. Фотографијата е всушност нивна божиќна честитка. Двојката го избраа тексас за семејниот портрет, а сликаше фотографот Алекси Лубомирски.

„Оваа година ја дочекавме нашата мала ќеркичка Лилибет. Арчи не направи мама и тато, а Лили семејство“, се вели во честитката.
Двојката, исто така, објави дека нивната фондација Archewell ќе донира средства оваа сезона на различни организации кои „ги чуваат и штитат семејствата“.
Меган и Хари станаа родители на Лилибет на летово во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија. Девојчето е осмо во редот за британскиот трон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexi Lubomirski (@alexilubomirski)

Scroll to Top