Познатата американска раперка, Ники Минаж, сподели со фановите дека добила син. Таа пред две недели се породи, а први кои и честитаа беа нејзините колешки Бијонсе и Ким Кардашијан.
Пејачката за бременоста откри на крајот на јули оваа година, а нејзините пријатели ги почести со неколку фотографии на кои го покажала бремениот стомак.
За потсетување, Ники е во врска со контроверзниот продуцент Кенет Пети, уште од 2018 година. Пети е познат по неговото мрачно минато и деновите минати во затвор, заради силување на 16 годишник и убиство без предумисла. Од 2013 година е на слобода.
Двојката се венчале во тајност во октомври истата година, а прстените ги купиле за седум милиони долари. Станува збор за скапоцени камења во кои, како што тие велат, се заљубиле на прв поглед.