Никол Кидман ќе стане мајка во шестата деценија

Холивудската ѕвезда Никол Кидман (52) и нејзиниот сопруг Кит Урбан (52) наскоро ќе станат родители. Откако подолго време се обидуваа да добија биолошко дете со вештачко оплодување, глумицата и пејачот решиле да посвојат момче. Тие веќе имаат две ќерки, Сандеј Роуз (11) и Фејт Маргарет (9).

Извор близок до двојката за магазинот „Глоуб“ раскажал дека Никол со години се обидува да остане бремена, па бидејќи третманите се неуспешни, Кит предложил да посвојат дете.

„Таа отсекогаш сакала големо семејство, а бидејќи и Кит сака уште деца, сметаат дека сега е вистинско време нивните ќерки да добијат брат. Има толку многу деца на кои им треба дом, па Никол и Кит ќе му овозможат барем на едно од нив да биде сакано и среќно“, рекол изворот за „Глоуб“.

Освен ќерките од бракот со Урбан, Кидман има уште две деца, кои ги посвои додека беше мажена со Том Круз. Бидејќи никој и Том не можеа да имаат деца, тие ги посвоија Изабела (27) и Конор (25). Сепак, со нив глумицата не комуницира. Изабела не ја покани на свадбата, а и Конор, кој треба да се жени наскоро, нема да ја викне. Двете деца што Никол ги има од бракот со Том, ѝ припаѓаат на сиентолошката црква и тие не сакаат никаков контакт со својата мајка.

 

 

Scroll to Top