Никол Шерцингер има нов дечко

Пејачката Никол Шерцингер има нов дечко, пишуваат светските медиуми. Таа сега е во врска со седум години помладиот рагби-играч Том Еванс. Двојката неколку години е во врска, но дури сега јавно изјавиле дека се заедно.

Двајцата во повеќе наврати биле видени во Лондон, каде што Никол во моментов живее поради снимањето на емисијата „X-фактор“.

„Том долго време беше заљубен во Никол. Кога имаше шанса да ја запознае, тој не се колебаше. Веднаш ја покани на вечера“, вели извор близок до двојката.

Двајцата се познати по нивните бурни љубовни врски во минатото. Никол со години беше во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, а по Британецот, почна да излегува и со тенисерот Григор Димитров.

Том пред десетина години беше во врска со британската глумица и манекенка Кели Брук. Двајцата чекаа дете, но Кели доживеа спонтан абортус, па набрзо потоа се разделија.

Scroll to Top