Николас Кејџ го поништи бракот четири дена по венчавката

Холивудскиот глумец Николас Кејџ побарал да го поништи бракот со сопругата Ерика Коика само четири дена по венчавката во Лас Вегас. Според американските медиуми, 55-годишниот глумец ќе побара развод од 19 години помладата сопруга ако судот не му одобри поништување на бракот.

Двојката е во врска од април 2018 година, а се забавуваат откако актерот се разведе од неговата трета сопруга Алис Ким, со која беше во брак 12 години. Со неа Кејџ го има синот Кал Ел Копола Кејџ. Прва сопруга на Кејџ е глумицата Патриша Аркет со која беше во брак 6 години. Потоа се ожени со ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари, со која беше во брак две години.

Кејџ има уште еден син, актерот Вестон Копола Кејџ, кој го добил од вонбрачната врска со актерката Кристина Фултон.

Scroll to Top